ноември 28, 2013

Едукативна работилница за здрава исхрана

Во склоп на проектот „Подобра социјализација на децата со посебни потреби“ со поддршка од Комерцијална банка АД Скопје Општинската организација на црвен крст Прилеп на 28.11.2013 година реализираше едукативно-креативна работилница во траење од 2 часа за здрава исхрана на децата со посебни потреби во Дневниот центар „Ѕуница“. 

На оваа работилница волонтер од Црвен крст Прилеп кој што е 4-та година на факултетот за нутриционизам на децата им одржа кратка едукација за значењето на различните овошја и зеленчуци кои сеуште се актуелни овој период, а останатите волонтери кои беа дел од оваа работилница цртаа заедно со децата и ги опишуваа овошјата на креативен начин. На оваа едукација беа присутни 7 волонтери а беа опфатени 19 деца со посебни потреби. Оваа едукација ќе придонесе за креирање на здрави животни навики за исхрана кај оваа целна група, како и препознавање и правилно користење на овошјето и зеленчукот. Оваа креативна работилница заврши со групно фотографирање со цртежите кои беа изработени, преку кои децата со помош на волонтерите ја искажаа нивната креативност и перцепција.

 

< врати се назад