октомври 4, 2022

Едукативно предавање на тема “Зависности и нивно лекување”

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар, во соработка со Општинска организација Кисела Вода и Здружение на клубови на лекувани алкохоличари, на ден 04.10.2022 година беа реализирани две едукации на тема: “Зависности и нивно лекување”.
 
На овие едукации, 15 волонтери од Клубовите на млади на двете општински организации се запознаа со влијанието на алкохолот, дрогата и цигарите врз организмот на човекот и како истите можат да се превенираат или спречат.
 
На оваа тема со нив работеше Славица Шекуткоска – специјалист по социјална работа во здравство, која преку примери, подетално им објасни како овие лоши навики влијаат врз здравјето кај луѓето.
 
Продолжуваме со соработката.
 
< врати се назад