декември 23, 2020

Едукативно видео за најмалите по повод Недела на забоздравствена заштита 15-21 декември

Секоја година, во периодот од 15-ти до 21-ви декември, се одбележува Неделата на забоздравствена заштита за време на која се посветува внимание токму на оралното здравје. Оваа година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар ја одбележа со едно интересно едукативно видео кое беше наменето за најмалите – учениците од прво до трето одделение кои учат во основните училишта на територија на општина Центар и тоа ООУ „Киро Глигоров“, ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Учениците до трето одделение имаат можност да следат настава со физичко присуство, па, на тој начин, за време на наставата беше прикажано видеото. Преку различните анимации, оваа активност има за цел да им посочи на најмалите за важноста на оралната хигиена, односно да им го прикаже начинот на четкање заби, колку е важно да се јаде здраво и да се оди често на стоматолог. Учениците со огромен интерес го следеа краткото видео кое донесе насмевки на нивните лица.
 
Кликнете на линкот и погледнете го едукативното видео:
 
 
 
< врати се назад