
април 26, 2024
Едукации по хигиена за градинки под мотото – “ Хигиената – лична обврска за колективно здравје”
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во рамки на меморандумот за соработка со Општина Центар, по повод Недела на хигиенизација 8-15 април започнаа со реализација на едукации во градинките на територија на општина Центар.
Едукациите започнаа на 05.04.2024 година и завршија на 25.04.2024година со посета на објекти од следните градинки: ЈУДГ „Кочо Рацин“, ЈУДГ „13 Ноември“ и ЈУДГ „Раде Јовчевски – Корчагин“- каде беа опфатени вкупно 263 деца.
Тема на едукацијата беше одржување лична хигиена, хигиена во домот и градинката и хигиена на храната. Исто така, направивме повторување колку често и како правилно се мијат забите.




