април 2, 2024

Едукации по Прва помош во ООУ. Гоце Делчев

На ден 29.03.2024, во училниците на ООУ.Гоце Делчев се оддржаа две едукации по Прва помош на ученици од седмо одделение. Вкупно беа опфатени 35 ученици и 2 учителки.

На самата едукација учениците и наставниот кадар имаа можност да се запознаат со Првата помош и нејзината важност во секојдевниот живот. Како да повикаме брза помош, како да му пријдеме на повредениот, како да провериме витални знаци, како да ја санираме повредата, и како да останеме смирени во дадени околности.

< врати се назад