
октомври 29, 2021
Екипата од ПСУ „Алгоритам Центар“ со огромен интерес за совладување на првата помош
Продолжуваме со активностите под мотото „Биди херој во твоето училиште“ во областа на Првата помош во ПСУ „Алгоритам Центар“. Втората обука, од планираните три, се реализираше на 29.10.2021 година во периодот од 11 до 12:30 часот.
На оваа обука, учениците се информираа што треба да направат во случај на скршеници, изгореници и други повреди и кои материјали треба да ги употребат во таков случај. Големо внимание се обрна на начинот на запирање на крварење, за што имаа и практична вежба.
Во сите средни училишта на територија на општина Центар се спроведуваат по три обуки по прва помош на шестчлени екипи со цел секое училиште да има подготвен тим кој ќе биде присутен во училиштето доколку има потреба некому да се укаже прва помош.








