
Еко едукација во “Пролет”
Во рамки на програмата „Зелен волонтеризам“, на 30 октомври 2025 година, волонтерите од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар реализираа едукативна еко работилница во Дневниот центар за лица со попреченост над 18 години „Пролет“.
Активноста имаше за цел подигнување на свеста за заштита на животната средина и поттикнување на еколошки навики кај корисниците на центарот преку интерактивна презентација, разговор и практични примери за правилно селектирање на отпад и рециклирање.
Преку оваа активност, волонтерите придонесоа кон промовирање на одржливи вредности, дружење и вклучување на лицата со попреченост во еколошките иницијативи на младите. Настанот помина во пријатна и мотивирачка атмосфера, со активна вклученост на сите учесници.













































