јуни 15, 2012

Екскурзија

На ден 15.06.2012 година волонтерите од Клуб на млади при ООЦК Прилеп заедно со штитениците од Центарот за деца со посебни потреби ,,Ѕуница’’ и персоналот го посетија манастирот св. Ѓорѓија во близина на Прилепското вештачко езеро. Тие уживаа во прекрасната природа но исто така имаа можност да се дружат меѓу себе, да разговараат и да се радуваат на денот. Она што се забележа од оваа екскурзија е потребата од вакви позачестени дружења кои овозможуваат тесна интеракција помеѓу волонтерите и децата, така што како крајна цел се постигнува подобра социјализација на овие деца.

Ваквата екскурзија е испланирана активност во рамките на Локалниот акционен план за деца со посебни потреби кој што е финансиран од Комерцијална банка. Во тој контекст исто така на ова дружење беше присутна и претставничка од Комерцијална банка која изврши мониторинг на оваа активност. Ова претставува само една од многуте активности кои се испланирани со децата со посебни потреби но и со децата од згрижувачки семејства. Црвен крст продолжува со реализација на многуте активности кои се повразни со ранливите целни групи во градот.

 

< врати се назад