
Евалуација на стекнатите вештини
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Центар
Во рамки на проектот „Зелена инклузивност“ на Општинската организација Центар, кој беше поддржан од Фондот за развој и проекти на Црвениот крст на РСМ, од страна на проф. д-р Диана Бошковска, проф. д-р Наташа Данилоска и проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска, фасилитатори на проектот, на 14.12.2023 година се реализираше евалуациска средба со учениците од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.
На работиницата беа присутни 37 ученици од текстилната, угостителско – туристичката и графичка струка, кои беа вклучени во активностите кои се реализираа согласно временската рамка на проектот.
Тема на разговор беа досегашните работилници и стекнатите вештини во текот на проектот. За време на евалуацијата сите учесници ( професори и ученици ) имаа можност да ги искажат своите мислења поврзани со проектот.
Како израз на задоволство од страна на сите субјекти вклучени во реализацијата на проектот, на сите учесници им беа поделени потврди и благодарници за учествување во проектот, како и брендирани ранчиња, чашки и папки со училишен прибор со логото на проектот “ Зелена инклузија “.




