Од 13 -16. 06. 2013 год во гратчето Велс – Австрија, се одржа Европскиот натпревар по прва помош, дел од Европската конвенција за прва помош ФАЦЕ 2013. Република Македонија ја претставуваше екипата на општинската организација на Црвен крст Прилеп од СОУ “Мирче Ацев“.
На Конвенцијата учествуваа 22 екипи од кои 20 во конкуренција, екипата на Македонија беше најмлада по возраст и најмалку бројна.
На денот на пристигнувањето престоеше отварање на церемонијата на која беа преставени земјите учесници и се влечеа редните броеви.
Следниот ден покрај слободните активности престоеше и конвенција на која беа преставени некои анализи, новини во првата помош. Беше потенциран и придонесот од унапредување на едукација по прва помош за возачи на терен за време на несреќи со статистички параметри. Екипата учествуваше на парада под знамето на својата земја и беше пречекана од највисоката делегација на Австрискиот Црвен крст.
На 15.06.2013 беше одржан натпреварот екипите работеа на 12 работни места по 2 траектории меѓу кои имаше места за рекреација .Нашата екипа скоро на сите работни места во делот на пружената прва помош , конкретно згрижување на повредите изгуби многу малку поени. Она на кое послабо се покажавме е триажата и спасувачкиот дел бидејќи на едно работно место имаше и по 30-40 повредени кои постојано излегуваа.
За сите пет член од екипата имаше и работа со дефибрилатор на кој нашата екипа немаше работено.На последното работно место екипата влезе во небезбедна зона која не беше воопшто означена два члена ни дисквалификуваа и работевме само со три членови , изгубивме многу поени кои сигурно би не пласирале за 5-6 места погоре од сегашното 17 место.
Како констатација на целокупниот тим и во консултации првопласираната екипа за подобар пласман на ФАЦЕ покрај големиот практичен ангажман и вежби многу е важно и веќе постоечкото стекнато искуство од претходно учество на натпреварот. Успехот се должи на поискусни ,теоретски и технички веќе професионални тимови.Но не значи дека нашата досегашна политика за учество на Европскиот натпревар е погрешна затоа што Македонскиот Црвен крст е преставен во најдоброто светло за што добивме и благодарност од домаќините, а и со нашите натпревари огромен број на млади се обучени за прва помош, а секако мотивација им е учеството на Европскиот натпревар.
Општинската организација на Црвен крст Прилеп имаше прилика да биде дел од еден огромен караван исполнет со ентузијазам, волонтеризам и хуманизам од кој стекна огромно интернационално искуство кое ќе го пренесува на идните генерации, за што им се заблагодаруваме на сите фирми-подржувачи кои ни помогнаа во реализирањето на учеството: Прилепска Пиварница, Витаминка, ЈКП Водовод и канализација Прилеп и секако на Црвениот крст на Р.Македонија.
Од 13 до 16.06.2013 година во гратчето Велс – Австрија, се одржа Европскиот натпревар по прва помош, дел од Европската конвенција за прва помош FACE 2013. Република Македонија ја претставуваше екипата на општинската организација на Црвен крст Прилеп од С.О.У. “Мирче Ацев“. На Конвенцијата учествуваа 22 екипи од кои 20 во конкуренција, екипата на Македонија беше најмлада по возраст и најмалку бројна. На денот на пристигнувањето претстоеше отварање на церемонијата на која беа преставени земјите учесници и се влечеа редните броеви.
Следниот ден покрај слободните активности претстоеше и конвенција на која беа преставени некои анализи, новини во првата помош. Беше потенциран и придонесот од унапредување на едукација по прва помош за возачи на терен за време на несреќи со статистички параметри. Екипата учествуваше на парада под знамето на својата земја и беше пречекана од највисоката делегација на Австрискиот Црвен крст. На 15.06.2013 година беше одржан натпреварот, екипите работеа на 12 работни места по 2 траектории меѓу кои имаше места за рекреација. Општинската организација на Црвен крст Прилеп имаше прилика да биде дел од еден огромен караван исполнет со ентузијазам, волонтеризам и хуманизам од кој стекна огромно интернационално искуство кое ќе го пренесува на идните генерации, за што им се заблагодаруваме на сите фирми подржувачи кои ни помогнаа во реализирањето на учеството: Прилепска Пиварница, Витаминка, ЈКП Водовод и канализација Прилеп и секако на Црвениот крст на Р.Македонија.