декември 1, 2023

“Глобална солидарност, заедничка одговорност ” – Недела за борба против ХИВ/СИДА

Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 1-7 декември 2023 година согласно календарот на традиционални активности ќе ja одбележи Неделата на борба против ХИВ/СИДА, под мотото “Глобална солидарност, заедничка одговорност ”.

Во рамките на Неделата општинските организации на Црвен крст ќе преземат активности со цел заеднички да допринесеме за подигнување на јавната свест кај младата популација преку спроведување на едукативни врснички работилници во основните училишта.

ХИВ е вирус кој предизвикува хумана имунодефициенција, односно вирус кој го напаѓа имунитетот на домаќинот и тој не е способен повеќе да се брани од различни болести и инфекции.
СИДА-та е последната фаза од инфекцијата со ХИВ. Најчести симптоми се губење на телесна тежина, потење, малаксалост, габични инфекции, отечени лимфни жлезди, грозница. Често се манифестира и со појава на  инфекции на белите дробови, појава на туберкулоза или  малигни заболувања и завршува со смртен исход. 

< врати се назад