Годишна HR работилница
Ноември-“Mесец за борба против зависности”, во О.О. Црвен крст Прилеп се остварува преку спектар на активности, почнувајќи со едукации за превенција во образовните институции па се до меѓуинституционална медијаторска улога во локални рамки.
И оваа година О.О. Црвен крст Прилеп како организатор на локалната работилница за Намалување на штети од употреба на дроги ги ажурира релевантните локлани чинители во оваа проблематика, се со цел транспарентно презентирање на досегашните активности и размена на меѓусебно искуство и соработка, со заеднички именител: дестигматизација и дедискриминација на целната група (лица кои употребуваат дрога) и нивно поефикасно интегрирање во општествените текови и нивна социјална инклузија.
Главната тема експлоатирана на оваа работилница „Профил на лицата кои што употребуваат дрога опфатени со Програмата за Намалување на штети од употреба на дроги“ ја реализира ХР тимот, а претставникот од Меѓуопштинскиот центар за социјални грижи со темата „Надлежности на ЈУМЦСР Прилеп во работата со лицата кои што употребуваат дрога“ ги демонстрира активностите на центарот во врска со оваа целна група.
Преку овој тип на активности посредно се влијае и врз јавното мнение користејќи ги локалните електронски и печатени медиуми.