Годишнина на Дневниот центар „Ѕуница“
Во рамките на проектните активности за подобра социјализација на децата со посебни потреби, Општинската организација на Црвен крст Прилеп во соработка со Дневниот центар „Ѕуница“ организираше активности по повод одбележувањето на годишнината на Дневниот центар ,,Ѕуница”.
Овие мултифункционални активности започнаа со организирана мала прошетка низ градот со атрактивното туристичко вовче, на кое децата многу се радуваа и оплеменувајши го возењето со весели песнички. Во текот на целата прошетка децата беа придружувани од волонтерите на Клуб на млади при Општинската организација кои што неуморно работат со оваа целна група. Групата на деца со посебни потреби, вработените од Центарот, волонтерите и претставникот од Комерцијална банка беа примени од Градоначалникот на општина Прилеп и при посетата како подарок за годишнината на децата им беше подарена торта од страна на Градоначалникот. Целиот овој настан беше медиумски проследен и веста беше објавена на електронските локални медиуми. После приемот кај Градоначалникот децата со вовчето се упатија кон Могилата на непобедените каде што прошетаа низ паркот и ги посетија новите жители на Могилата- пони-коњчињата и украсните птици. На крајот се упатија на заеднички ручек во центарот на градот во пицеријата ,,Меџик” каде што споделуваа импресии од прекрасно поминатиот ден, ден што ќе остани засекогаш во нивните сеќавања.
Општинската организација на Црвен крст Прилеп континуирано работи со оваа целна група и константно внесува новини во своето работење користејќи различни алатки за социјализација на овие деца.