декември 12, 2014

Годишно Собрание на Црвен Крст Центар 2014

На ден 11.12.14 година Општинската Организација на Црвен Крст Центар го одржа своето годишно Собрание со почеток во 18:00 часот. На собранието се претстави годишната програма за работа на ООЦК Центар за 2015 година од страна на Секретарот на општинската организација, Г-ѓа Валентина Колеска, а потоа од страна на заменик лидерот на Клубот на Млади, Софија Стојановска, беа претставени и планираните активности за 2015 година за кои младите добија голема поддршка од страна на членовите на Собранието.
Како претставник и гостин на ова собрание од Црвен Крст на град Скопје присуствуваше Александра Валкановска , младински координатор.

 

< врати се назад