
Голем одзив на Скопјани на крводарителската акција за “Голема Богородица“
Општинската организација на Црвен крст – Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина по 17-ти пат ја реализираше традиционалната крводарителска акција по повод празникот “Голема Богородица“. Акцијата се одржа на 28ми август, од 9 до 17 часот во Домот на АРМ.
Оваа крводарителска акција има долга традиција со голем одзив од страна на граѓаните на Скопје. Во 2003-та година, кога за првпат беше организирана, бројката на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост, во 2018 година бројката се зголеми на 264 крводарители. Вкупната бројка на реализирани крвни единици за овие 16 години е 3708 крводарувања, или во просек 232 крводарители по акција. На овогодинешната акција 188 граѓани даруваа крв што ја докажува нивната хуманост дури и во услови на високи температури.
Секоја година има сѐ повеќе нови дарители, особено млади луѓе кои сакаат да даруваат и да спасат нечиј живот.