октомври 1, 2021

Гостување по повод одбележување на Недела на Млади на Црвен крст на Република Северна Македонија 1-7 октомври

По повод Недела на Млади на Црвен крст на Република Северна Македонија, која се одбележува од 1ви до 7ми октомври, Димитар Тануровски и Мила Трајчева, волонтери во Клубот на млади при Општинска организација Центар, гостуваа во утринската емисија на Македонската Радио Телевизија. Тие ги промовираа активностите на Клубот на млади, начинот на кој ќе се одбележи Неделата на Млади, проектите “Зошто сум во болница” и “Без предрасуди во заштита од Ковид-19” и активностите на мобилните тимови.

Ги повикаа сите млади кои имаат желба да придонесат во заедницата, да се приклучат на тимот на волонтери и да почувствуваат што значи да се биде волонтер и да се измами насмевка на нечие лице.

 

< врати се назад