
Градски натпревар по Прва помош
На 13 јуни на Водно во Скопје се оддржа Градскиот натпревар по Прва помош. 14-те најдобри екипи од 5-те Општински организации на Црвен крст Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Чаир и Карпош земаа учество. За време на натпреварот младите се стекнаа и со основни знаења по дисеминација на Црвениот крст.
место на натпреварот освоија ученици од ООУ “ Исмаил Ќемали”од ООЦК Чаир,
место освоија ученици од ООУ “ Кирил и Методи” од ООЦК Чаир и
место освоија ученици од ООУ” Наум Наумовски Борче” од ООЦК Гази Баба.
Честитки за победниците и сите учесници
Голема благодарност за сите судии, манекени, шминкери, ментори, водичи и демонстратори.
Често пати навремено и адекватно пружената прва помош значи спасен живот. Во оваа насока се важни едукациите по прва помош за учениците од средните и основни училишта како и за наставен кадар во училиштата, кои ќе можат на своите соученици во случај на итност да им дадат прва помош.


