Група за самоподдршка – сексуални идентитети
Програмата „Намалување на штети од употреба на дроги“ во рамките на проектот „Одржување на ниската преваленца на ХИВ/СИДА во Р.Македонија“ во Општинската организација на Црвен крст Прилеп го зголеми спектарот на активности со ранливата целна група, (лица кои употребуваат дроги) преку одржување состаноци за самоподдршка на истите. Идентификувајќи ги потребите на целната група, тимот на ХР во соработка со НВО „ЕГАЛ“ организираше интерактивно предавање-работилница за сензитивизација на лицата кои работат со маргинализирани целни групи, посебно со МСМ популацијата.
Темата која ја експлоатираше оваа работилница беше „Сексуалноста и сексуалните идентитети“. Преку содржинските целини на избраната тема се успеа да се анимираат слушателите, се разви плодна дискусија и можност за размислување и имплементирање на наученото во секојдневните контакти со целната група. Слушатели беа тимот на ХР-Прилеп, млади волонтери од Општинската организација кои работат како гејт кипери во рамките на ДСТ и заинтересирани стабилизирани ЛКД. Ова е уште една можност да се надогради ХР тимот за специфични теми кои понатаму ќе можат да ги имплементираат во секојдневната работа, се со цел подобро и посоодветно да се одговори на потербите на целната група. Заинтересираноста на слушателите не поттикна да размислуваме за понатамошна континуирана едукација и надградба на ХР тимот и стабилизираните ЛКД, посебно во рамките на групата за самоподдршка.