Групи за самопомош кај ЛКД
Стремежот кон спроведување активности насочени кон унапредување на психичкото и физичкото здравје на ЛКД, О.О. Црвен крст Прилеп во рамките на Програмата ХР го надогради со реализирање на работилницата за ”Групи за самопомош и самоподдршка кај ЛКД”. Во соработка со НВО ”Доверба” беше организирана работилница со стабилизирани ЛКД од општина Прилеп за самопомош.
Апсолвирани теми на работилницата беа: формирање групи за самоподдршка, групна динамика и структура, улога и квалификации на фасцилитаторот, правила за работа и стратегии на групната динамика. Главна цел на Црвен крст на Р.Македонија е континуирана грижа за лицата со здравствени проблеми (во овој случај ЛКД) со цел зачувување и унапредување на здравјето, животниот квалитет и достоинство. Преку овие форми се овозможува кај ЛКД да се поттикнат, чувството на припадност, поддршка и меѓусебно охрабрување во рамките на своето заболување, а сето тоа да овозможи нивна позитивна, социјална инклузија и реинтеграција. Оваа форма на организирање О.О. Црвен крст Прилеп веќе ја спроведуваше преку креативните работилници, а сега квалитативно и квантитативно ја надополнува, па ЛКД можат да разменат меѓусебни искуства, да си помогнат еден на друг и така да го подобрат своето здравје и остварат корист за другите членови од нивното опкружување.