Групи за самопомош кај ЛКД
Идентификуваните потреби на ранливата популација (лица кои употребуваат дрога од Прилеп) се ажурираат во рамките на ХР програмата. Од искуствената практика работејќи со оваа популација се наметна неопходната потреба за нивна успешна ресоцијализација и подобрување и збогатување на персоналните карактеристики кај истите.
Преку организирани групи за самоподдршка, во овие групи се работи на развојна групна динамика, персонален развој, јакнење на самодовербата и позитивните животни вештини се овозможува размена на искуства, фидбек од позитивните животни сутуации и како ЛКД да се справат со животните проблеми. Координирани од НВО Доверба и оваа недела (17.02.2011 година) се реализира работилница за самоподдршка со стабилизирани клиенти кои го посетуваат Центарот во О.О. Црвен крст Прилеп за намалување на штети. Договорено е ова група да се состанува барем еднаш неделно и по барање на потребите на членовите. Така програмата ХР се здоби со квалитативно нови содржини и дејности.