
април 11, 2024
“ Хигиената – лична обврска за колективно здравје”
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Општина Центар, по повод Недела на хигиенизација 8-15 април започнаа со реализација на едукации во градинките на територија на општина Центар.
Првите едукации се реализираа на 05.04.2024 со почеток во 09:00 и 10:00 часот. На едукациите присуствуваа вкупно 67 дечиња од големите групи од градинката ЈУДГ „Кочо Рацин“ – објект Наум Наумовски Борче и Матичен објект.
Тема на едукацијата беше одржување лична хигиена, хигиена во домот и градинката и хигиена на храната. Исто така, направивме повторување колку често и како правилно се мијат забите.
Продолжуваме со активности во текот на целиот месец.




