април 9, 2025

“ Хигиената – лична обврска за колективно здравје”

По повод Светски ден на здравјето и Неделата на хигиенизација на 07.04.2025, волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Центар започнаа со реализација на едукации во градинките на територија на Општина Центар.

Едукацијата се фокусираше околу одржување на лична хигиена, хигиена во домот и градинката како и хигиена на храната што ја јадеме.

“ Хигиената – лична обврска за колективно здравје”.

< врати се назад