
мај 2, 2025
Хигиенизација во градинките на територија на Општина Центар
Продолжуваме со работилниците за хигиенизација за најмалите со цел заштита на нивното здравје и благосостојба. На ден 30.04.2025 година се одржаа две предавања во градинката ‘’ 13 Ноември” клон Јасмин, предавањата беа наменети за 2 возрасни групи од 5-6 години, при што беа опфатени вкупно 47 деца.
На едукативен и забавен начин беа презентирани основните хигиенски навики, правилно миење раце, лице, заби со цел унапредување на личната хигиена.

