мај 8, 2025

Хигиенизација во градинките на територија на Општина Центар

Во објектите “ Кукушка ” и “ Парк ” при ЈУДГ “ 13 Ноември ”на ден 07.05.2025 година се одржаа 3 работилници за хигиенизација за возрасните групи од 5 – 6 години.

Предавањатра беа со цел да се унапредат знаењата кај најмалите за правилно одржување на личната хигиена, со единствена цел заштита на здравјето и развивање здрави животни навики.

Продолжуваме понатаму да ги збогатуваме знаењата на нашите најмали преку најразлични едукации и реализирање на активности кои се во најдобар интерес за децата од предшколска возраст.

< врати се назад