септември 15, 2014

ХУМАНА ТРАДИЦИЈА

Општинската организација на Црвен крст Центар и Заводот за трансфузиона медицина на РМ, по повод празникот УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА-ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, на 28.08.2014 година, традиционално по дванаесетти пат организира крводарителска акција.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на Армијата на Република Македонија, од 09,00 до 17,00 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, кога секогаш се соочуваме со недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 11 години покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје. Во 2003-та година кога за прв пат беше организирана, бројката на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост во 2013 година 313 граѓани ја покажаа својата хуманост со дарување на крв. Вкупната бројка на реализирани крвни единици за овие 11 години е 2494 крводарувања, или во просек 226 крводарители по акција.

Би сакале да информираме дека оваа акција која досега се реализираше на локацијата позади зградата на Владата на РМ, поточно пред ресторанот *Кај Жабарот* и пред црквата * Богородица*, оваа година ја промени локацијата заради можноста од високи температури, кои не се соодветни за реализација на крводарителска акција на отворен простор, под шатори.

Ги покануваме граганите да ја покажат и овој пат својата хуманост.

 

< врати се назад