мај 30, 2023

Хуманитарен концерт

Сојузот на композитори (СОКОМ) во соработка со Здружение АЈГА, со поддршка од Гете институт организираше хуманитарен концерт во рамки на фестивалот “Денови на македонската музика” на 29-ти мај во 20 часот во Македонската филхармонија.
Пет волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар се вклучија како поддршка на хуманитарниот концерт на кој се собираа средства за четиригодишно девојче кое треба да оди на лекување во Турција.
 
< врати се назад