февруари 18, 2014

Хуманитарен турнир во мал фудбал

Динамичноста и стресот помеѓу младите во нашето опшество пропорционално се зголемува така што дневната рутина кај повеќето млади не изобилува со продуктивно трошење на времето и негување на спортот со цел зајакнување на телото и духот. Земајќи го ова во предвид, нашата цел како млади во Црвен крст Прилеп беше промоција на спортот како начин кој помага за здраво живеење и собирање на парични средства со цел помош на семејства кои се наоѓаат во социјален ризик. Учесниците во ПХВ програмата со поддршка од Клубот на млади при Црвен крст Прилеп на 15.02.2014 година организираа хуманитарен турнир во фудбал на теренот кој се наоѓа во Паркот на револуцијата.

Во овој турнир својот несебичен придонес го дадоа и Сојузот на судии кои што ги обезбедија судиите за турнирот, ЈКП Комуналец кој бесплатно го обезбеди теренот и Чавлески сараунд систем кој го обезбеди озвучувањето на настанот. За првите три места беа обезбедени дипломи, додека за првото место беше обезбеден и пехар како награда. На овој турнир учествуваа 12 екипи од различен состав и различни возрасни групи. Турнирот заврши успешно со славење на победниците но не само затоа што го освоија пехарот, туку затоа што покрај нивната победа се издејствува и победа за хуманоста така што ќе биде обезбедена помош за посочената ранлива целна група.

 

< врати се назад