март 11, 2013

Хуманитарна театарска претстава

Театарските претстави се одличен израз на волонтерската креативност и вештина за пренесување на одредени проблеми на одредени категории на граѓани. Така учесниците во ПХВ програмата – волонтери во Клубот Општинската организација на Црвен крст ја одбраа театарската претстава како начин за собирање на парични средства со цел да им помогнат на ранливите целни групи во градот.

Користејќи ја својата способност за пишување на сценарио како и актерската способност, волонтерите организираа и реализираа хуманитарна театарска претстава со наслов ,,Голотијата продава’’ во НУЦК ,,Марко Цепенков’’ на 01.03.2013 година. Хуманитарната театарска претстава имаше голема гледаност со што уште еднаш се покажа хуманоста на дело кај граѓаните на град Прилеп. Во оваа претстава учествуваа актери аматери- волонтери во Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп. Потребата за помош на населението е континуирана и долгорочна така што сите активности на волонтерите ќе бидат усмерени кон искористување на креативноста за да се реализираат хуманитарните активности во кои младите се учесници .

< врати се назад