октомври 15, 2014

Хуманитарно ноќно трчање-Трчај и донирај

“Под мотото „Трчај и донирај“  на 15 ти Октомври од 20.30 до 22.30 часот,  се случи едно поразлично ноќно трчање на групата ентузијасти  *Skopje Night Running* од досегашните.  Во организација на Клубот на млади на Црвениот  Црвениот крст Центар и соработка со *Pink Support MK*, 70-тина скопјани, вљубеници во рекреативното трчање, овој пат решија на редовната рута по скопските улици, во должина од 5 км, да додадат и доза на хуманост . Пред почетокот на трчањето на штандот на Црвениот крст, кој беше поставен на нивното зборно место, плоштадот *Македонија*, да донираат користена спортска опрема, патики и тренерки, кои подоцна Црвениот крст-Центар ќе ги донира во Пунктот за бездомници на Црвениот крст на град Скопје.

 На акцијата беа собрани околу 30 пара патики и тренерки. Претставници на екипата по прва помош на Клубот на млади на Црвен крст Центар, со точаци  ги следеа рекреативците за време на нивната активност, додека останатите волонтери на Клубот на млади се грижеа за класифицирање на донациите кои пристигнуваа на штандот.

Голема благодарност на сите кои на оваа активност ја покажаа желбата за трчање и хуманост.

Спортски поздрав

Пример на своите генерации

По повод одбележувањето на Неделата на Млади на ниво на Црвен Крст на Република Македонија (01-07 октомври), волонтерите на клубот на млади на ООЦК Центар изработија 20 слики преку кои го искажуваат својот став за волонтерството, а со тоа и да прикажат зошто волонтираат.

< врати се назад