ноември 7, 2023

Хуманост на дело – Вработените од Комерцијална Банка АД активни во кампањата „Помислете и на нас“

Кампањата по повод Ден на борба против гладта, под мотото „Помислете и на нас“, традиционално се одбележува во периодот од 16-ти октомври до 16-ти ноември.
Хуманитарната помош која беше обезбедена од вработените во Комерцијална банка АД Скопје во текот на месец октомври, започна со дистрибуција на 06.11.2023 година во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“.
Опфатени се 35 семејства од ранливи категории кои живеат на територија на општина Центар.
Голема благодарност до вработените во Комерцијална банка АД Скопје кои континуирано даваат поддршка на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.
 
< врати се назад