
октомври 9, 2024
“И на помагачите им треба помош”
На ден 07.10.2024 Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар , ја реализираше третата по ред работилница за наставници во ДСУ “Свети Наум Охридски” на тема “И на помагачите им треба помош “.
Целта на работилницата е унапредување на знаењата на наставниците во насока на поставување на работното место и превенција од професионално согорување.
На обуката присуствуваа 9 наставници и претставник на стручната служба во училиштето.



