февруари 7, 2025

“И на помагачите им треба помош”

На ден 29.01.2025 година беше организирана работилница за наставници во ООУ “Кирил и Методиј ” на тема “И на помагачите им треба помош”.

Оваа работилница помина во позитивна атмосфера, вклученост од страна на учесниците и добивање позитивен повратен одговор на заложбите на Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска организацја Центар за организирањето на работилници на оваа тема, со една единствена цел грижа за наставниот кадар како важен сегмент во образовниот систем.

< врати се назад