февруари 19, 2025

И на помагачите им треба помош

На ден 18.02.2025 година беше одржана работилница за наставници во ООУ ” Кочо Рацин”.

Темата на оваа работилница ” И на помагачите им треба помош” има за цел да даде поддршка на наставниот кадар во училиштето, унапредување на знањата за свесноста и важноста за менталното здравје со посебен акцент на превенција од синдромот на прегорување.

Позитивната атмосфера, споделувањето на добри практики меѓу учесниците придонесе оваа работилница успешно да биде реализирана.

< врати се назад