октомври 8, 2019

„ИНФЛУЕНСИРАЈ – ВОЛОНТИРАЈ!“

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар, по повод Недела на млади (01.10. – 07.10.) под мотото „Волонтирај – Инфлуенсирај!“, спроведе неколку активности со цел информирање на јавноста за активностите на Клубот на млади при Општинска организација Центар и промоција на волонтеризмот.

Прва активност која беше спроведена е снимање промотивно видео. Волонтерите од ООЦК Центар и волонтерите од ООЦК Кисела Вода, во соработка Благица Ѕунѕуровска (пејачка), снимија промотивно видео на кое ги повикуваат сите млади да волонтираат.

Втора активност која се спроведе за време на Недела на млади е прием на новите волонтери/членови од училишните клубови. Имено, во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ се спроведе активност за информирање на ученици од ООУ „Димитар Миладинов“ кадешто лидерот на Клубот на млади им ги презентираше активностите на Клубот.

Трета активност спроведена во текот на Неделата на млади е отворениот ден на кој волонтери го промовираа волонтерството, волонтирањето во клубот на млади и активностите според  кои клубот на млади е најпрепознатлив. Активноста се спроведе во трговскиот центар „Рамстор“. Беше поставен штанд со промотивен материјал, како и успесите на волонтерите на разни натпревари. За време на активноста, заинтересираноста за волонтирањето се забележа најмногу кај младите. Активноста имаше голем успех. 

< врати се назад