
март 3, 2020
Информативни обуки по прва помош
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар и во месец март продолжува со информативните обуки по прва помош за потенцијални возачи. Овие обуки се дел од втората фаза од кампањата на Црвен крст на Република Северна Македонија под мотото „Твоето незнаење чини живот“. Овој месец продолжуваме со обуки на учениците од трета година во СУГС „Јосип Броз Тито“ кадешто е предвидено да се опфатат вкупно околу 400 ученици од трета година.