декември 4, 2019

Информативни обуки за прва помош за средношколци

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Центар успешно реализираше три информативни обуки за прва помош коишто се дел од втората фаза од кампањата за прва помош на Црвен крст на Република Северна Македонија под мотото: “Твоето незнаење чини живот”.
 
 
 
На ден 02.12.2019 се одржаа три информативни обуки за прва помош во СУГС „Раде Јовчевки Корчагин“ на кои учествуваа 112 ученици. Предавачи на обуките беа д-р Биљана Јосифоска, Бисера Бојковска и Димче Миланов. Учесниците во обуката кои се ученици на возраст од 16 и 17 години, имаа можност да се информираат за значењето и важноста на првата помош.
 
Oбуките поминаа со голем успех, заинтересираноста кај учениците беше огромна. Општинска организација Центар ќе продолжи со ваквите информативни обуки за прва помош и во наредниот период.
 
< врати се назад