мај 25, 2022

„Инклузивно катче – забава за сите“

Во рамки на „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ програмата, волонтерите од тимот од СУГС „Јосип Броз – Тито“ имаа уште една средба со целната група – ученици со попреченост кои посетуваат настава во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“. Тие реализираа креативна работилница за изработка на честитки со мотивациски пораки и пораки за изразување благодарност на македонски, турски, англиски и албански јазик. Честитките ги изработија во соработка со учениците од Графичката струка, а со поддршка на одговорниот професор.
На крајот на активноста, младинците заедно со учениците имаа спортски активности за рекреација.
По изготвувањето на честитките, реализираа собирна акција во нивното училиште за време на која ги делеа истите .
Продолжуваме во полн ек со ЦКА-ПХВ активностите.
 
< врати се назад