јуни 14, 2011

Интерактивна работилница со теми „Јакнење на сопствената самодоверба и самодовербата кај децата“ и „Прва помош во домашни услови“

Наметнатата потреба за координирана акција и дејствување на полето на здравјето кај општата популација и вулнерабилните групи граѓани, О.О. Црвен крст Прилеп ја имплементира во областа на здравствено – превентивните состојби – психичкото здравје и пружање прва помош кај родителите и воспитувачите на децата од Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“ со локација во своите простории на 08.06.2011 година.

Заложбите на О.О. Црвен крст Прилеп се стремат кон пружање помош и поддршка на највулнерабилните групи на граѓани во рамките на здравствено – превентивната дејност, па затоа ја организираше интерактивната работилница со следниве теми „Јакнење на сопствената самодоверба и самодовербата кај децата“ и „Прва помош во домашни услови“. Работилницата беше поддржана од Комерцијална банка, при што нивниот претставник беше видливо инспириран од експонираните теми, а вработените од Центарот заедно со родителите покажаа видлив интерес за понатамошни активности со можност овие теми да се експлоатираат и во самиот Центар заедно со децата кои имаат соодветен интелектуален потенцијал да го восприемат и останатите родители.

< врати се назад