
јуни 7, 2022
Интеркултурни слатки
Во текот на вчерашниот ден, младинците од ЦКА-ПХВ групата од СУГС „Јосип Броз – Тито“ заедно со дел од учениците кои се на студентска размена во нивното училиште преку ЕРАЗМУС+ програмата, а во соработка со учениците од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ и одговорниот професор од угостителско-туристичката струка, организираа работилница за подготовка на различни видови слатки, кои припаѓаат на три различни култури.
Целта на работилницата, покрај социјализација и дружење, беше промоција на мултикултурализмот и почитување на различностите преку храна.
Подготвените слатки како трилече, парена торта и тулумби ќе бидат изложени во СУГС “Јосип Броз – Тито” во текот на денешниот ден.




