декември 27, 2021

Изработка на мурал во СУГС „Јосип Броз – Тито“ по повод Недела на млади на Црвен крст

Црвен крст на Република Северна Македонија секоја година ја одбележува Неделата на млади во периодот од 1-ви до 8-ми октомври. По тој повод, се реализираат различни активности кои имаат за цел да ги уважат младите во Црвениот крст, но и да ги промовираат активностите кои ги реализираат.
 
Оваа година, волонтерите Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар реализираа гостување во емисија на Македонската Радио Телевизија и изработија видео во кое ги прикажуваат активностите.
 
Како финална активност по повод Неделата на млади, волонтерите од Општинска организација Центар во соработка со професори и ученици од СУГС „Јосип Броз – Тито“ изработија мурал во училиштето. Муралот е во форма на пеперутка, која во своите крилја ги содржи активностите кои ги реализира Црвениот крст.
 
 
Преку оваа активност уште еднаш се потврди одличната соработка на Општинска организација Центар со СУГС „Јосип Броз – Тито“, но беше и одлична можност за вмрежување на младите и привлекување нови волонтери кон Клубот на млади.
 
 
Муралот останува да го краси училиштето и да нѐ потсетува дека тимската работа носи успешност.
 
< врати се назад