март 29, 2013

Јога за деца со посебни потреби

Започна со имплементација овогодишниот ЛАП за деца со посебни потреби поддржан од Комерцијална банка со реализирање на часови по јога за штитениците од Дневниот центар за деца  со посебни потреби. Опфатени беа 21 деца со посебни потреби. Часовите по јога се одржуваа два пати неделно (Понеделник и Четврток) при што децата беа поделени на две групи за вежбање во зависност од нивните психомоторни способности и карактеристики. Во активностите беа вклучени и 10 волонтери од Општинската организација на Црвен крст Прилеп.

Реализатор на овие јога часови беше Др. Физијатар од Општата болница „Борка Талески“ Прилеп и јога инструктор Благоја Ѓорѓиоски. Јогата како интегративна дисциплина  влијаеше врз подобрување на телесниот и менталниот развој кај децата, со посебен акцент кај оваа целна група. Се корегираше држењето на телото кај децата, се подобри концентрацијата и самодовербата кај истите. Јогата придонесе и кон хармонизација на агресивните импулси со можност да  развијат позитивен став кон животот, кон себе си и кон околината. Вака применетите јога техники овозможуваат канализирање на агресивните импулси, подобрена смиреност и свесност кај оваа целна група.

< врати се назад