
мај 27, 2024
Како да рециклирам?
Како дел од програмата “Зелен волонтеризам” на ден 23.05.2024 год. во Дневниот центар „Пролет“ се спроведе Еко работилница која беше предводена од 2 врснички едукатори на тема “Како да рециклирам?”. Корисниците имаа можност преку креативно предавање со пластелин и сликички од разновиден отпад да се запознаат со типовите на отпад и како правилно да се селектира, пред да се рециклира. За време на работилницата учесниците имаа можност да ги покажат своите креативни вештини преку создавање на свој отпад со пластелин и притоа рециклирајки го во кутии за рециклажа.
Програмата „Зелен Волонтеризам“ е младинска програма во рамки на Црвен крст на Република Северна Македонија чија главна цел е подигање на свеста кај младата популација за последиците по здравјето предизвикани од зголемената акумулација на отпад, загадувањето на водата, почвата, воздухот и глобалното затоплување. |







