
Кампања „Глобална солидарност, заедничка одговорност“
Како дел од кампањата “Глобална солидарност, заедничка одговорност“, која има за цел подигнување на јавната свест кај младата популација преку спроведување на едукативни врснички работилници во основните училишта, во текот на месец декември беа реализирани едукации на темата СПИ – сексуално преносливи инфекции, во основните училишта ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Димитар Миладинов“. Едукацијата во ООУ „Гоце Делчев“ беше реализирана на ден 07.12.2023 и беа опфатени 13 ученици од 9то одделение. Едукациите во ООУ „Димитар Миладинов“ се реализираа на ден 13.12.2023 со почеток во 8 часот. Опфатени беа 57 ученици од 9то одделение. Едукациите беа реализирани од страна на еден врснички едукатор.
На едукациите беше опфатено општо запознавање со што се ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции, начини на превенција од зараза, рушење на митови за ХИВ/СИДА и практичен приказ за правилно користење на презерватив. Темата предизвика голем интерес кај учениците и овозможи развој на дискусија.


