септември 25, 2023

Кампања по Прва помош 2023

Традиционално и оваа година во месец септември започнуваме со спроведување на Кампањата по Прва помош под мотото „Првата помош спасува живот“. Согласно овогодинешниот акциски план, Општинска организација Центар ќе спроведе едукативни предавања за основи на првата помош во сите основни училишта на територија на општина Центар. Ќе бидат опфатени ученици од осмо и деветто одделение, а кампањата ќе биде спроведена во соработка со Општина Центар.

Веќе се реализирани 2 едукации на 18ти и 25ти септември 2023 во ООУ „Киро Глигоров“, на кои учество земаа 54 ученици и 6 наставници и технички персонал.

Продолжуваме со реализација на едукации во сите основни училишта.

 

< врати се назад