
септември 28, 2022
Кампања по прва помош „Првата помош спасува живот“
Под мотото „Првата помош спасува живот“ ги започнуваме активностите во склоп на Кампањата по прва помош за 2022 година. Во рамки на оваа кампања, ќе се реализираат едукации за основи на првата помош во сите средни училишта на територија на општина Центар. Учениците ќе имаат можност да се запознаат со основите на првата помош, да научат да обезбедат терен околу повредено лице, да препознаат лице во бессознание и како да дејствуваат, да се запознаат со материјалите кои се употребуваат при пружање прва помош, што претставува Хајмлихов зафат, која е разликата помеѓу скршеница и дислокација, начини на третирање рани, изгореници и смрзнатини итн.
Во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ на ден 26.09.2022 година се спроведоа едукации во повеќе термини за време на наставата, од страна на 4 врснички едукатори по Прва помош, на кои учество земаа вкупно 411 ученици прва, втора и трета година.
Продолжуваме со реализација на едукации по прва помош во сите средни училишта на територија на општина Центар.




