
ноември 30, 2022
Кампања по Прва помош во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“
Под мотото „Првата помош спасува живот“ беше реализирана едукација во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ на ден 24.11.2022 година за 35 ученици во периодот од 10 до 11 часот.
Врсничките едукатори ги запознаа учениците со основите на првата помош и сѐ она што е потребно да го направат во момент на незгода, како да повикаат помош и кои материјали да ги употребат.
Продолжуваме и во месец декември со едукации на тема Прва помош.



