ноември 25, 2022

Кампања по Прва помош во ООУ „Св. Кирил и Методиј“

Под мотото „Првата помош спасува живот“ продолжуваме со едукациите во рамки на Кампањата по прва помош 2022.

Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на ден 24.11.2022 година, Општинска организација Центар реализираше едукација во соработка со предавач по прва помош д-р Миралем Јакиќ, на која учество земаа вкупно 37 ученици. Учениците се запознаа со основите на првата помош, научија да обезбедат терен околу повредено лице, што претставува бессознание и како се прави срцево-белодробно оживување.

 

< врати се назад