декември 16, 2022

Кампања по прва помош во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“

Кампањата под мотото „Првата помош спасува живот“ се реализираше и во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов “. Во периодот од 13.12 до 14.12.2022 година се спроведоа 5 едукации во повеќе термини за време на наставата, од страна на 4 врснички едукатори по Прва помош, на кои учество земаа вкупно 313 ученици од прва, втора и трета година.
Учениците имаа можност да се запознаат со основите на првата помош, да научат да обезбедат терен околу повредено лице, да препознаат лице во бессознание и како да дејствуваат, да се запознаат со материјалите кои се употребуваат при пружање прва помош, што претставува Хајмлихов зафат, која е разликата помеѓу скршеница и дислокација, начини на третирање рани, изгореници и смрзнатини итн.
Голема благодарност до училиштето и до одговорната професорка Нина Кнаггс за реализација на едукациите.
 
< врати се назад