ноември 30, 2022

Кампања по Прва помош во СУГС „Јосип Броз – Тито“

Под мотото „Првата помош спасува живот“ продолжуваме со активностите во рамки на Кампањата по прва помош за 2022 година.
Во СУГС „Јосип Броз – Тито“ во периодот од 20.10. – 24.11.2022 година, се спроведоа 8 едукации од страна на 5 врснички едукатори по Прва помош, на кои учество земаа вкупно 274 ученици од втора и трета година.
На едукациите, учениците се запознаа со основите на првата помош, односно обезбедување терен околу повредено лице, бессознание, материјали кои се употребуваат при пружање прва помош, скршеници и дислокации, третирање рани, изгореници, смрзнатини итн.
 
< врати се назад