октомври 20, 2022

Кампања под мотото „Помислете и на нас“

По повод Денот на гладта – 16ти октомври и Недела на борба против гладта (16-22 октомври), под мотото “Помислете и на нас”, Црвениот крст на РСМ спроведува кампања за помош на ранливите категории граѓани.
Активностите се насочени кон собирање финансиски средства преку собирни акции во рамки на образовно-воспитните установи, фирми, компании, организации и слично. Доброволните прилози се наменуваат за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално загрозени семејства.
Кампањата започна со собирна акција во Веро Центар на ден 15.10.2022 година во периодот од 11 до 17 часот. Акцијата ја спроведоа 10 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, кои одвоија неколку часови од саботниот ден, сѐ со цел да придонесат кон подобрување на состојбата на најранливите.
Голема благодарност до Веро Центар за поддршката на нашите хуманитарни активности.
 
< врати се назад